ноември 23, 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација” – Скопје.

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 23 до 27 јануари 2023 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Град Скопје.

The post Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK