ноември 23, 2024

Некогашниот министер за финансии Џевдет Хајредини, кој често преку Фејсбук остро критикува изјави и потези на функционери од власта и особено на тие од ДУИ, вечерва реагира на изјавата на Али Ахмети дека отсекогаш ја бранел македонската кауза. „А два збора не кажува на македонски јазик“, вели Хајредини.

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека секогаш ќе биде ангажиран во одбрана на каузата на сограѓаните Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура…

ххх

Кога и во кое својство ќе биде ангажиран да го брани јазикот на ‘своите сограѓани’, на кој во никој случај не сака да каже два збора!

Перфидна демагогија и хипокризијa

Demagogji dhe hipokrizi perfide

П.С.

Во Албанија оди да се жали оти Заев рекол дека Албанците пет пари не вредат“, напиша Харедини на Фејсбук.

The post Хајредини: Ахмети ги бранел Македонците, а два збора не кажува на македонски appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK