ноември 23, 2024

Реакција на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на прес конференцијата на Александар Димитриевиќ од СДСМ

„Помина повеќе од една година од Локалните избори на кој граѓаните на општина Гази Баба со разлика од 9000 гласови ја казни политиката на СДСМ во Гази Баба, но со жалење можам да констатирам дека СДСМ не ја прими порака од граѓаните и продолжува да прави обиди да го спречи развојот на општина Гази Баба.

Јас сум дојден за градоначалник на општина Гази Баба со цел да ги решам проблемите на граѓаните и со целата своја одговорност предлагам општината да издаде Обрзница за брз развој со која ќе се реализираат капиталните проекти кои на граѓаните им се ветуваат години наназад.

Граѓаните предолго чекаа и немаат повеќе време за чекање.
Време е за брз развој на Гази Баба.

СДСМ имаше шанса да ја води општината и не реализираше ништо од ветеното.
Повеќе од една година општина Гази Баба се гради, менува и развива и тоа ќе продолжи и во иднина.

Нема да дозволам СДСМ да го закочи брзиот развој на Гази Баба.

The post Стефковски: Нема да дозволам СДСМ да го закочи брзиот развој на Гази Баба appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK