Полицијата не можела да го спроведе Мухамед Зеќири од куќен притвор бидејќи кога службениците дошле да го земат – тој ги известил дека е болен. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска на судењето посочи дека имала повик од командирот од Полициската станица Карпош, кој ја известил што се случувало при обидот за спровод. Рочиштето се одложува по 45 дена од првото одржано рочиште за овој предмет.
Со оглед на тоа што имав телефонски повик од командирот на ПС Карпош, Владо Симјановски, кој ме извести дека не може да постапат по наредбата од судот за спровод на Мухамед Зеќири, кој е во куќен притвор, поради здравствени причини. И затоа е повикана брзата помош, а во зависност од проблемите, ќе биде спроведен и во клиничкиот центар“, рече Фанка Јанчулева-Михаиловска.
Извор: А1он
The post Полицијата не можеше да го донесе Мухамед Зеќири на судење, била повикана брзата помош appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде