Инфлуенсерка за храна од Нанчонг во југозападната кинеска провинција Сечуан доби казана од 18.431 долари затоа што готвела и јадела заштитен вид на ајкула, пренесуваат кинеските медиуми.
Инфлуенсерката Џин, позната на социјалните мрежи како Тизи, ја купила ајкулата по цена од 7.700 јуани. Во април 2022 година, таа зготвила и консумирала ајкула, а додека го правела сето тоа таа го документирала со фотогрфаии и видеа.
Во јули, таа објави видео од печена ајкула на популарните видео платформи Kuaishou и Douyin. Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Нејзиниот потфат предизвика негативни коментари кај кинеските онлајн критичари, при што многумина ја критикуваа блогерката дека бара внимание со нелегално консумирање заштитени видови. Критичарите повикаа и на подобра заштита на дивиот свет.
Врз основа на идентификација на ДНК од примероци од ткиво, Институтот за истражување на рибарството во Јужното Кинеско Море на Кинеската академија на науки за рибарство се верува дека ајкулата што ја изела Џин била голема бела ајкула, загрозен вид на кинеската национална листа на заштитени диви животни.
The post Кинезинка доби казна затоа што јадела заштитен вид ајкула appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде