ноември 23, 2024

Актерот Џорџ Клуни во интервју изјави дека како тинејџер имал Белова парализа и половина од неговото лице било парализирано. При гостувањето во емисијата „Џими Кимел во живо“ со раперот Снуп Дог, водителот објавил старите школски фотографии на Клуни на кои видливо било пореметувањето на неговото лице.

Пред Кимел да се пошегува, Џорџ објаснил дека изгледа поинаку бидејќи има Белова парализа и половина од неговото лице е парализирано.

„Ако го гледате вака, од друга страна, тоа е сосема друго лице. Па сега можете да се шегувате. Ајде, да ти го покажам моето тажно лице, се пошегувал актерот покажувајќи како на фотографијата има две различни лица.

Во текот на емисијата Кимел покажал и други фотографии од актерот на кои има смешна физура, па Клун раскажал дека мајка му го потстрижувала, па затоа има толку лоша фризура.

Беловата парализа, е привремена состојба која предизвикува ненадејна мускулна слабост на едната страна од лицето. Се појавува одеднаш. Неколку часа пред развојот на лична мускулна слабост, едно лице може да има болка зад увото. Слабоста на лицето што следи може да се движи непредвидливо од блага до целосна, но секогаш е на едната страна од лицето.

Парализираната страна станува безизразна, но личноста често ја чувствува како да е искривена. Состојбата обично се подобрува сама по себе во текот на неколку недели, а нејзината причина е непозната и нема посебен третман.

The post Џорџ Клуни како тинејџер имал Белова парализа на лицето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK