ноември 23, 2024

Ведрана Ѓорѓевиќ веќе не е водителка на естрадниот магазин „Голден Карпет“ кој се емитува на Канал 5 телевизија. Водителката си заминала од емисијата поради оправдани причини, информираат организаторите.

Емисијата која се емитува на Канал 5 телевизија од февруари ќе има нов концепт каде во улога на водители покрај водителот Миро Кацаров и ќе се појавуваат познати манекенки, пејачки, спортисти и инфлуенсери.

Концептот е замислен така што секоја емисија ќе има нова водителка и секоја недела ќе бидат заменети улогите со една јавна личност. Естрадниот магазин „Голден Карпет”  започна да се емитува во 2020 година.


The post Водителката Ведрана си замина од емисијата „Голден Карпет“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK