Дигитализацијата е многу значаен сегмент во борбата против корупцијата, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на годишната конференција „Година за нови можности“.
-Затоа заедно со Фондот за технолошки иновации направивме предизвик со тоа што ги поканивме нашите успешни старт-апи, поддржани од ФИТР, но и останати, да направат дигитален асистент. Веројатно тогаш никој не веруваше во овие зборови за дигитален асистент, но сметаме дека дигитализацијата е одговор за сите недостатоци нотирани во извештаи, па и Извештајот на Стејт департментот за борба против корупцијата и организиран криминал, кажа Битиќи.
Според него, во оваа борба треба да се отстрани колку што е можно човечкиот фактор, но итранспарентноста во процесот на поддршка на инвестициите.
-Затоа е изготвена „Ада“, која е првиот дигитален асистент, којшто е некогаш поставен во јавниот сектор. Инаку, „Ада“ е промената на дело, којашто сите ние треба да ја направиме наредните години за да го постигнеме посакуваниот развој. Нашата „Ада“ е нашиот одговор, асистент заснован на вештачка интелегенција, којшто ќе дава информации за инвестиции и наредниот месец ќе биде детално промовирана, рече Битиќи, додавајќи дека така ќе се отстрани човечкиот фактор.
The post Битиќи: Со Ада, дигиталниот асистент за финансиска поддршка базиран на вештачка интелегенција го отстрануваме човечкиот фактор и можноста од корупција appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде