ноември 23, 2024

АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден преку капацитетите со кои располага произведе 21.229 мегават часови електрична енергија, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години, информираат од компанијата.

-Во моментот произведуваат сите електрани, односно вклучени на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана Енергетика-КОГЕЛ, ветерниот парк Богданци, додека хидроелектраните се користат само за системски и балансни услуги, притоа зачувувајќи ги акумулациите на речиси просечното десетгодишно ниво, посочуваат од АД ЕСМ.

The post ЕСМ со највисоко дневно производство во последните 10 години appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK