МВР и сите други институции ги презедоа сите мерки виновниците во случајот со нападот врз Христијан Пендиков во Охрид да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по средбата со неговиот бугарски колега Иван Демерџиев.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
МВР, нагласи Спасовски, за сите случаи постапува подеднакво посветено со цел виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата и санкционирани. Крајната цел на министерството, нагласи тој, е да се обезбеди безбедност за сите граѓани и за, како што рече, сите лица коишто престојуваат во нашата држава.
„Во врска со нападот врз Пендиков за којшто исто така разговаравме на денешната средба, МВР веднаш ги презеде сите неопходни мерки, како и другите органи. Во делот на истрагата имаме едно лице за кое што е определена мерка притвор и се постапува и понатаму во ширење на истрагата во однос на овој случај“, рече Спасовски.
Неговиот бугарски колега истакна дека добил уверување од Спасовски дека случајот ќе биде истражен целосно.
„Целта е не само да се преземаат мерки. Целта е да не се повторуваат такви инциденти во иднина, затоа што такви случаи и такви инциденти ги нарушуваат односите меѓу нашите две држави, кои традиционално се многу добри со високо ниво на соработка и заемно почитување и не е во ред такви инциденти да ги нарушуваат или пак да фрлат сенка врз нив“, рече бугарскиот министер за внатрешни работи.
Тој додаде дека е уверен дека иднината на двете земји е врзана со Европската унија – Бугарија е членка, а Северна Македонија, рече, оди по тој пат.
„Но, многу е важно да се знае дека говорот на омразата не е дел од тој пат. Државите во Европа споделуваат вредности и јас мислам дека во текот на денешниот разговор взаемно се убедивме со колегата Спасовски дека двете наши држави ги споделуваат тие европски вредности“, истакна Демерџиев.
Работната средба на двајцата министри се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи во Скопје. На средбата, како што рече Спасовски, била потенцирана одличната соработка меѓу полициите на двете земји.
Била потврдена посветеноста на унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативна соработка во насока на зајакнување на регионалната соработка, билатералната и оперативната соработка како еден од главните приоритети, посебно во борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе, недозволената трговија со дрога, криумчарењето на мигранти и справувањето со илегалната имиграција.
Извор: МИА