ноември 23, 2024

Финецот Кими Раиконен ги освои срцата на многу љубители на Формула 1. Со својот талент во 2007 година стана шампион. Уште како дете имал успеси во неколку европски натпреварување, од картинг па сè до Формула Рено-шампионатот.

Во 2002 година, на 22 години, стана возач на „Заубер“. Тогаш ја почна кариерата во Формула 1. Првата победа ја оствари во 2003 година кога возеше за „Мекларен Мерцедес“. Четири години подоцна стана шампион со „Ферари“.

Со интригантноста и смиреноста за време на возењето го доби прекарот Ајсмен, а вниманието на новинарите го привлече кога им рече дека првиот автомобил на кој се учел да вози бил руска „лада“.

„Ја позајмив од еден пријател. Го сменивме моторот и беше идеална и бесплатна. Беше многу робустен автомобил. Беше црвена, но ја бојадисавме во црно. Никогаш не ми се расипа“, рече Кими во интервју за Си-ен-ен.

Светските медиуми пренесоа дека станува збор за „лада 2101 (ВАЗ-2101)“, која Кими до ден-денес ја нема заборавено и дека за неа секогаш зборува со емоции. Во моментот во гаража има „ролс ројс“, „ферари енцо“, „ферари Ф-12“, „ферари 488 писта“ и Wraith Black Badge.

The post Поранешниот Формула 1-шампион, Кими Раиконен, се учел да вози на руска „лада“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK