Бившиот сопруг на Памела Андерсон, Џон Питерс, рече дека неодамна напишал тестамент и дека ѝ оставил 10 милиони долари. Двајцата се венчаа пред три години и се разведоа по само 12 дена брак.
Питерс рече дека Памела секогаш ќе има посебно место во неговото срце и затоа ја напишал во тестаментот.
„Секогаш ќе ја сакам. Ова никому му го немам кажано, ни таа не го знае, но нејзиното име е во тестаментот. Ќе ѝ оставам 10 милиони долари по мојата смрт. Тие се за неа. Без разлика дали и требаат или не“, рече Питерс за магазинот „Вараети“.
Парот се запозна во 1989 година, а по краткиот брак, Памела рече дека никогаш официјално не се венчале, но и дека ќе останат во добри односи. Рече дека и по разводот, ќе го сака до крај. Медиумите во САД пренесоа дека Питерс ѝ испраќал на Памела скапоцени подароци, како автомобили, но и најнови креации од неговите познати модни куќи.
The post Бившиот на Памела Андерсон ѝ оставил 10 милиони долари appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде