Почина францускиот актер Адама Ниан, кој беше најпознат по улогата во хит серијата на Нетфликс „Лупин“. Тој почина на 56-годишна возраст, а причината за неговата смрт се уште не е позната.
Ѕвездата на серијата, Омар Си, му оддаде почит на својот колега на Твитер со порака дека актерот е ретко добар човек.
„Моето најдлабоко сочувство до најблиските на Адама Ниан, голем актер со кој имав можност и задоволство да работам. Почивај во мир“, напиша тој.
Адама Ниан го играше убиецот и поранешен осуденик Леонардо Коне во „Лупин“. Неговиот последен актерски проект беше во ТВ серијата L’lle aux 30 Cercueils од 2022 година, каде што ја презеде улогата на Јаник Лантри.
J’adresse mes profondes condoléances aux proches d’Adama Niane, immense acteur au côté duquel j’ai eu la chance et le plaisir de jouer.
Un homme d’une bienveillance rare…Que son âme puisse reposer en paix. pic.twitter.com/aGdhYMf4gG
— Omar Sy (@OmarSy) January 29, 2023
The post Почина францускиот актер Адама Ниан од серијата „Лупин“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде