ноември 23, 2024

Ако навистина се грижат за украинскиот народ, САД треба да престанат да го снабдуваат со оружје, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„САД се главниот иницијатор и главната движечка сила на кризата во Украина, тие континуирано доставуваат тешко и офанзивно оружје за Киев, продолжувајќи го конфликтот и правејќи го поинтензивен“, изјави портпаролката, Мао Нинг.

Дипломатката истакна дека доколку САД навистина сакаат кризата да заврши скоро и „доколку навистина се грижат за безбедноста на украинскиот народ, треба да престанат да испраќаат оружје таму и да профитираат од војната“.

„Потребно е одговорно да се придонесе за брза деескалација и да се создаде поволна атмосфера и услови за мирни преговори меѓу заинтересираните страни“, рече Нинг.

Коментирајќи ги најавите дека кинески државни компании обезбедуваат воена и финансиска помош за Русија во украинскиот конфликт, таа посочи дека САД упатуваат неосновани обвинувања против Кина поради Украина, а Пекинг нема молчешкум да гледа како се кршат правата на кинеските компании.

Претходно кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека решавањето на конфликтот во Украина со политички средства најдобро одговара на европските интереси и на заедничките интереси на сите евроазиски земји.

МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK