Трансродовата натпреварувачка Алина Јухарт од Словенија која уште во првиот круг од балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“ привлече големо внимание, оваа сабота повторно се натпреваруваше, а на публиката и се претстави со нумерите „Могла сам“ и „Уно моменто“.
Алина на сцената се појави во елегантен фустан со високи потпетици, и нежна шминка и ги собра сите комплименти. Таа освои три гласа и продолжи во баражот.
Првпат пред јавноста се претстави и нејзиното семејство, таткото, братот, снаата и внуката кои и се најголеми поддржувачи.
Жирито често има расправии и несогласувања за натпреварувачите, а оваа сабота сите се согласија во едно мислење, дека Алина не успеала поради приказната и се што се случувало околу неа и дека и создало товар што не може да го поднесе до крај.
Алина откри дека има проблем со акцентите, па и затоа одела на часови кај логопед.
Натпреварувачката ја пофали својата менторка Цеци Ражнатовиќ, која и помогнала да се претстави на сцената најдобро што може.
„Многу сум благодарна на Цеси бидејќи сум воодушевена од тоа колку дава, колку често сме во контакт. Бараше песни во кои можам да се пронајдам“, изјавила Алина.
Кандидатката за која се пишуваше во медиумите уште при првото појавување, открила низ што се променала во животот помеѓу двата круга од натпреварувањето.
„Имам чувство дека им давам нешто на луѓето, да ги инспирирам. Добив безброј пораки со поддршка, дури и од луѓе на кои можеби им требаше да видат личност како мене на телевизија. Инаку исполнета сум во животот, имам здраво семејство околу мене, пријателите ми се здрави. Прекрасното опкружување кое го имам е најголемото богатство на светот“, изјавила Алина.
Нејзиниот настап беше доста коментиран меѓу членовите на жирито, а се издвои оној на Ѓорѓе Давид, кој истакна дека личност како Алина е потребна на сцената на 21 век, а токму таква е сцената во „Ѕвездите на Гранд“.
„Навистина мислам дека е важно човек како мене да се појави на сцената бидејќи, како што рече Ѓорѓе, денес е 21 век и тоа едноставно мора да се слушне. Во Америка оди напред, овде е малку поинаку. Словенија денес можеби е некаде помеѓу. Но, да бидам искрен, добив голема поддршка. Лично, не добив ниту еден лош коментар“, рекла Алина.
The post Потребна сум ѝ на балканската сцена, рече трансродовата натпреварувачка на „Гранд“ која доби најголема поддршка од Ѓорѓе Давид appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде