Полицијата го пронајде затвореникот Ариф Алили од Кичево, кој издржува казна затвор во затворот „Скопје“ со Шутка. Тој треба да издржи уште осум месеци од три годишната казна која му е изречена. Информацијата за „А1он“ ја потврди директорот на затворот, Филип Андов.
„Осуденикот е пронајден и вратен во затворот. Пред да се оддалечи од затворот, беше сместен во отворено одделение. Со неговата постапка, односно прекршувањето на Правилникот на затворот, сега, тој ќе биде сместен во затворено одделение“, вели директорот за „А1он“.
Прашан зошто не го превенирале бегство на затвореникот, Андов кажа: „Мораме да ги почитуваме правилата, како осудените лица, така и ние. Не можеме да функционираме како логор, туку како установа од која ќе извира ресоцијализација. Осуденикот за кој прашувате имал примерно однесување, не го прекршил куќниот ред, постапувал според сите прописи. И затоа бил сместен во отворениот дел на затворот. По последните настани, тој ќе биде сместен во затворениот дел од затворот, за да ова не се повтори“.
„А1он“ побара информации и од МВР за тоа каде е пронајден осуденикот, од каде најавија информации за подоцна.
А1 он
The post Фатен дилерот од Кичево кој избега од затворот во Шутка, директорот: Сега ќе биде сместен во затворениот дел appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде