Кошаркарите на Валенсија го шокираа Панатинаикос во вториот натпревар во Атина и ја вратија четвртфиналната серија дома. За разлика од Панатинаикос, Фенербахче, го победи Жачгирис во Каунас, ја доби серијата со 3:1 и се пласира на завршниот рурни каде ќе ја брани титулата.
Валенсија славеше победа од 89:86 во вториот натпревар во ОАКА Арената.
Со тоа, шпанскиот тим, надвор од сите прогнози, ги врати двата брејка на Панатинаикос од првите два натпревари и се избори за „мајсторка“, која е закажана за вторник, 12 мај.
Доколку го комплетираат пресвртот, Валенсија ќе стане вториот тим во историјата на Евролигата што се вратил од 0-2 во плејофот, прв откако Реал Мадрид го победи Партизан во 2023 година.
Валенсија и во овој натпревар влезе подобро, стакнаа оредност од 15 поени, но Панатинаикос успеа да се врати благодарение на Кендрик нан во третиот период. Зелените имаа и минимална предност, а Валенсија со две тројки, усоеа да влезе со предност во решавачкиот период.
Во средишницата од последната четвртина, Валенсија стекна предност од девет поени. Разликата остана иста и на 50 секунди до крајот, кога со две избрзани одлуки во нападот и техничката на Тејлор, ПАО се доближи на само два поени негатива.
Сепак целосен пресврт немаше, Костело погоди едно од двете слободни фрлања, а Хејс-Дејвис не успеа со шут од половина терен да избори продолженија.
Најдобар играч на Валенсија беше Монтеро со 29 поени, шест скока и седум асистенции. Ки додаде 12, а Тејлор 11 поени.
Кај ПАО се истакнаа Осман со 26 и Нан со 19 поени.
Кошаркарите на Фенербахче го победија Жалгирис со 94:90 по продолжение во уште еден незаборавен натпревар во Каунас и се пласираа на финалниот турнир, во Атина.
Со ова се формираше првиот полуфинален пар во Ф4, Фенер ќе игра против Олимпијакос, додека Реал го чека исходот од битката меѓу Панатинаикос и Валенсија.
По двете победи на Фенер во Истанбул, Литванците речиси возвратија со иста мера пред своите навивачи, но на две секунди пред крајот, ладнокрвниот Вејн Болдвин им ги расипа плановите со поени за нерешен резултат – и продолжение.
Во продолжението, гостите, предводени од Хортон-Такер и Берч, доминираа, стекнаа предност од осум поени во раната фаза од продолжението и го задржаа и покрај тројките на Франциско и Тубелис.
Кем Берч беше MВП на натпреварот со 21 поен и 13 скока, дефинитивно го одигра натпреварот на сезоната, супер атрактивниот Хортон-Такер даде 19, а Вејд Болдвин 14 поени.
Франциско беше напаѓачката тупаница на Литванците со 23 поени (5/12 за три) и 11 асистенции, Азулас Тубелис даде 16 поени, Едгарас Улановас 15, Дастин Слива 11…
На крајот, сепак, преовлада класата на триото Американци на Фенер.
Foto/ EPA
The post Валенсија со уште еден брејк против ПАО, Фенер се пласира на завршниот турнир appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
