мај 8, 2026

Неверојатна фудбалска вечер во Ленс ја обележа тинејџерот Мезијан Соареш, го потврди пласманот на својот тим во Лигата на шампионите и воедно го испрати Нант во Лига 2.

Ленс го победи Нант со 1-0 во првиот натпревар од 32-то коло во Лига 1.

Екипата на Пјер Саж беше јасен фаворит, но не одеше се според планот, бидејќи до 79-та минута немаше голови.

Во 79-та минута, Мезијан Соареш, 16-годишен играч од средниот ред, доби шанса од својот тренер да дебитира во сениорскиот фудбал. Тинејџерот влезе на теренот и го реши натпреварот.

Му беа доволни 14 секубди да го совлада голманот на Нант.

Тинејџерот не само што дебитираше туку го постигна и првиот гол во профи кариерата.

Теоретски, неговиот гол за победа го остави Ленс во шампионската трка, бидејќи на две кола пред крајот се три бода зад ПСЖ, но и натпревар повеќе.

Инаку до крајот на сезоната Ленс ќе игра и во финалето на Купот.

Foto/ Profimedia

Share

The post (Видео) Тинејџер на дебито, постигна гол по 14 секунди и го потврди местото на Ленс во ЛШ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK