Од Асоцијацијата за цистична фиброза на 4 февруари најавија протест пред Владата на Македонија. Протестот ќе почне во 12 часот, а од Асоцијацијата рекоа дека ќе побараат од надлежните да се обезбеди терапија за болните од цистична фиброза.
„Борбата продолжува со надеж дека ќе се ослободат нашите бели дробови од бодликавата жица и ќе пораснат 65 рози. Борбата продолжува со надеж дека ЦФ ќе значи Целосно Функционални наместо Цистична Фиброза.“, рекоа од Асоцијацијата.
За потсетување, Асоцијацијата на крајот на декември минатата година одржаа протест пред Министерството за здравство и побараа да се обезеди нова терапија за болните, но и алармираа за проблемите со доцнењето на постоечката терапија, како и проблемите со хоспитализацијата на овие лица.
The post Да ги ослободиме белите дробови од бодликавата жица: протест на болните од цистична фиброза appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде