Во сеќавање на планинарката Калина, в недела на 5-ти февруари по петти пат ќе се одржи меморијална велосипедска тура.
„Ќе оддадеме почит и ќе положиме свежо цвеќе во сеќавање на нашата другарка, пријателка, бајкерка и планинарка Калина“, информираат организаторите.
Велосипедската тура ќе се вози преку Ченто, Стајковци, Црешево, Булачани, а турата ќе заврши на градските гробишта во Бутел.
Зборното место за велосипедистите ќе биде кај Универзална сала во 09.00 часот, а во случај на лоши временски услови, турата ќе се презакаже.
Калина Велевска, трагично загина во 2018 година искачувајќи се на Кајмакчалан.
The post Велосипедска тура во сеќавање на загинатата планинарка Калина appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде