ноември 24, 2024

САД во најскоро време може да испорачаат на Украина современи системи за противвоздушна одбрана „Петриот“ (Patriot), што може да донесат пресврт во војната, од Кремљ сметаат дека тоа ќе придонесе кон ескалација на конфликтот.

Според дел од американските медиуми, Вашингтон може официјано да објави за ова веќе утре, четврток. „Петриот“ е еден од најусовршените американски системи за ПВО и е многу баран од сојузниците, кои конкурираат еден со друг за можноста да ги добијат тие системи. 

Поранешниот претседател на Русија, Димитриј Медведев, го предупреди НАТО дека ако Киев биде засилен со вакви системи за противракетна одбрана, Кремљ може да го оцени чекорот како ескалација на конфликтот. 

Овие системи ќе и помогнат Укрина да се заштити од атаците на руските ракети и беспилотни летала кои нанесуваат удари по енергетската и други видови инфраструктура на земјата. 

Ако го добијат системот „Петриот“, тоа ќе има „мошне важно значење“ за владата во Киев, смета Александар Виндман, пензиониран подполковник на армијата кој едно време во Белиот дом раководеше со политиката во однос на Украина. 

-Системите ќе бидат целосно оспособени да се носат со многу разни проблеми што ги имаат Украинците. Посебно ако Русите користат (ирански) балистички ракети со краток дострел, оцени Виндман. 

Пентагон одби да даде коментар за ова.  

Набљудувачите сметаат дека за украинската армија да се оспособи да управува со овие системи, ќе биде потребна неколкумесечна обука што може да биде спроведена во Германија.  

Во меѓувреме, на донаторска конференција денеска во Париз, околу 70 земји ветија помош за Украина од околу 1 милијарда евра, а за подршка во снабдувањето со струја и вода, и за обезбедување здравство и транспорт во земјата. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK