ноември 21, 2024

Во Албанија во тек е акција за демонтирање на камери тајно поставени на јавни места од страна на криминални групи за да се следи движењето на полицијата.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„Во рамки на акцијата ‘Криминални нишки’, полицијата во Тирана до сега демонтира и заплени 155 безбедносни камери поставени од криминални групи. Поради тоа, под истрага се 37 лица, кои незаконски ги поставиле камерите. Десетици камери се демонтирани и во Корча, Скадар Поградец. Материјалите се предадени на обвинителствата на правосудните области Корча и Поградец за понатамошни дејствија“, соопшти полицијата.

Акцијата за демонтирање на камери продолжува и во другите области на земјата и ќе бидат демонтирани сите камери поставени вон законските прописи.

Според Ервин Карамучо, експерт и професор по криминалистика, во земјата има над милион такви камери.

„На територијата на земјата има поставени над милион камери, но не само од криминални елементи. Многу сопственици на бизниси и станови изјавија дека ги поставиле камерите за да се заштитат од грабежи“, вели Карамучо за АБЦ њуз.

Додава дека секој граѓанин има право да поставува камери на јавните простори, но според експертот треба да се обрати до сертифицирани фирми и да ги постави согласно прописите.

МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK