декември 24, 2024

– Парламентот на Латвија денеска ја потврди новата коалициска влада на чело со Кришјанс Каринш, со што земјата на два и пол месеци по парламентарните избори доби нова влада на десниот центар.

Десничарската партија Ново единство предводена од Каринш, истакнат критичар на Русија, и нејзината трипартитна коалиција беа потврдени од 54 пратеници од 100-члениот парламент, додека 37 гласаа против.

Се очекува владата на Каринш да остане водечки глас заедно со балтичките соседи Литванија и Естонија во барањето на Европската унија да заземе цврст став против Русија.

Во својот говор пред парламентот, Каринш ја опиша „сеопфатната трансформација на летонската економија“ како главна задача на неговата нова влада.

-Други приоритетни области се безбедноста, образованието, енергијата, конкурентноста и квалитетот на животот, рече тој.

Каринш и неговата партија освоија најмногу гласови на изборите на 1 октомври, кои беа во сенка на војната во Украина и загриженоста за зголемените трошоци за енергија.

Трите партии имаат тенко мнозинство во парламентот на оваа балтичка држава во североисточна Европа. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK