Во денешната епизода на Тешки муабети гостин е Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и претседател на партијата “Достоинство” кој го поддржа предложениот Закон за амнестија на осудените за 27 април.
– Јас уште на 28 април 2018 година од Вејце повикав да се развие една широка општествена дебата. Јас не ги нарекувам херои или уставобранители, иако почитувам како ги нарекувате, ама тие што се таму нанеле неколку удари.
За разлика од нив припадниците на УЧК убиваа Македонци, Вејце го споменав не само што беа убиени туку според судска медицина на најмалку еден од нив му е пукано во глава одблиску. Неколку од нив беа запалени, немаме информации дали во возилата или подоцна откако биле запалени во возилата.
Овие сторители денес е на слодоба, некој од нив е пратеник директор… Оние што на Карпалак убија 10 резервисти денес се на слобода, луѓето умреа, изгореа во страшни маки. Тие што наместика оклопна мина кај Љуботенски бачила, тоа е една траорна ситуација, човек кој ми е пријател кажа дека биле раскинати неколку тела, тие се на слобода.
Да биде злото поголемо, како да беше малку што ја нападнаа државата во 2001, во 2011 беа амнестирани и тие што беа обвинети за извршни воени злосторства како мавровските работници врз кои жестоко и натчовечно се изживувале. Амнестирни се тие што киднапираа 12 Македонци од нивните дворови, ниви , улици, луѓето се убиени и до ден денес не кажаа каде се останките, јас апелирав да кажат каде се останките, да ги извадиме како држава, да имаат свој гроб. Овие злосторници кои извршиле тешки кривични дела според меѓународно право денес пијат кафе на слодоба, а можеби некој е на висока функција.
Овие луѓе удрија по неколку боксови, а да биде злото поголемо организаторите најголем дел се на слобода, додека другите завршија во затвор.
Делото тероризам и тогаш не се согласував и сега, еден оперски пејач како Дурловски или Владо кој е глумец да го теретите за тероризам… Другите исто така треба да се ослободат, предолго е во затвор.
А за да не се повтори треба безбедносните служби да не го дозволат, условите за такво нешто се минимални.
Овие адвокати верувам дека направиле квалитетен закон и мислам дека има шанси да помине.
Не сум разговарал со некој од коалиционите партнери. Јас првпат кога повикав на ова во 2018 година имаше жестоки реакции од врвот на партијата, а и од членството, вели Ангелов.