ноември 23, 2024

Стигна донација за Христијан Пендиков од Охрид, момчето кое тројца сограѓани го истепаа и кое Бугарија со владин авион го однесе во Софија ја лекување.

Тој е секретар на бугарскиот клуб во Охрид. Бизнисменот Милен Врабевски кој ги финансира бугарските клубови во Охрид и Битола испратил неколку пакети со храна.

„Голема благодарност до д-р Милен Врабевски и Фондацијата Бугарска меморија кои постојано помагаат за вистината и братскиот народ во Македонија. Бог да му даде здравје на Христијан и брзо закрепнување“, пишува на Фејсбук-страницата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид.
Тие објавија фотографии со пакетите. Во нив има портокали, млеко, конзерви, кафе, зејтин, оцет, сок, шеќер. Инаку, како што објави бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, Пендиков засега не се враќа во Македонија затоа што имало закани кон него.

The post Од Бугарија испратени пакети храна и портокали за ”Господ здравје” на Христијан Пендиков appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK