33-годишниот фудбалер од Гана, беше слободен играч откако ја заврши соработката со Ал Сад. Како таков можеше да потпише и надвор од преодниот рок.
Ајев стави потпис на договор со Нотингем форест до крајот на сезоната.
„Стив Купер ме познава многу добро и знае како да работи со мене и на теренот и надвор од него. Ние имаме силна врска, тој е посебен тренер“, изјави Ајев.
Стив Купер му беше тренер на Ајев во Свонси.