За замена на регистарските таблички на возилата со нови со ознаката НМК, граѓаните ќе плаќаат од 1 400 – 1 500 денари. Од нив, 200 денари се за нова сообраќајна дозвола, а 1 200 или 1 300 чинат новите таблички во зависност од нивната форма.
Сопствениците на возила кои имаат таблички со ознаката МК мора да ги заменат со нови заклучно со 12 февруари 2024 година.
„Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на референтот на МВР се издава нова сообраќајна дозвола и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1 200 до 1 300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица“, информираат од МВР.
За да се направи промената, сопственикот на шалтер мора да приложи лична карта (ако е фирма тогаш тековна состојба од Централен регистар), сообраќајна дозвола и старите таблички. Уплатата, пак, може да ја направи во банка или преку пост терминал на самото место.
Според Законот за возила, ако некое е во сообраќај со поинакви регистарски таблици од пропишаните предвидена е казна од 100 евра.
Обврската за промена на табличките со новата ознака НМК ја наметнува членот 25 од Законот за возила и членот 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот за издавање таблички.
Законските измени за промена на ознаката на табличките дојдоа како резултат на Преспанскиот договор што земјава во потпиша со Грција во јуни 2018 година.
The post Замената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе чини од 1 400 до 1 500 денари appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде