ноември 27, 2024

Поранешниот тренер и чичко на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, Тони Надал, во најновата колумна за El Pais, му оддаде признание на Новак Ѓоковиќ и призна дека е најдобриот тенисер во светот. Објасни дека три клучни работи го издвојуваат од останатите.

Ѓоковиќ е најкомплетниот играч на АТП турнирот и лесно се прилагоди на противниците. Тој е жесток борец кој се бори до крај и никогаш не им попушта на противниците.

Третата работа е неговата посветеност. Желбата постојано да напредува, го донесе до степен да ја усоврши играта во триесетите години, период кога голем број од тенисерите се пензионираат.

„Играта му е несомнено најкомплетна. Тоа му овозможува да игра офанзивно и дефанзивно. Одличен е и се бори до исцрпеност. Поседува неверојатна смиреност во моментите кога натпреварите се тензични“, рече Надал и додаде дека е импресиониран од неговата желба за напредок.

„Има амбиција и желба да продолжи да се усовршува. Доказ за тоа е неговиот сервис кој во последно време е усовршен. Антинјанин во првиот сет сакаше да игра прецизно, еден на еден, да биде брз и агресивен на ударите, постојано го менуваше правецот. Но, него е невозможно да го победите, освен ако не сте Роџер Федерер“, призна Тони.

На крај му оддаде признание.

„Тоа што Новак го прави е за восхит. Петнаесет години по првиот трофеј во Мелбурн, го освои и 10-тиот и тоа на импресивно тениско ниво и ги воодушеви сите во тенискиот свет“, рече Шпанецот.

 

 

The post Чичкото на Надал му призна на Ѓоковиќ дека е најдобар во светот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK