ноември 23, 2024
Ситуацијата на фронтот во источна Украина стана потешка откако руските сили ја засилија офанзивата, истакна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Русија доби замав на бојното поле, најавувајќи напредување северно и јужно од градот Бахмут, нејзината главна цел со месеци. Локациите на пријавените борби јасно укажуваат на постепено руско напредување.

„Има зголемување на офанзивните операции на окупаторите на фронтот на истокот од нашата земја. Ситуацијата стана потешка“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Посочи дека Русите се обидуваат да остварат добивки кои би можеле да ги покажат на првата годишнина од војната на 24 февруари.

Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар претходно изјави дека продолжуваат жестоките борби во источна Украина, каде руските војници се обидуваат да освојат позиција во близина на стратешкиот логистички центар Лајман.

Маљар, пишувајќи во апликацијата за пораки Телеграм, рече дека и покрај големите загуби, Русите исто така ја продолжуваат својата офанзива во близина на градовите Бахмут и Авдиивка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK