Членовите на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска поднесе иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на ракометната легенда Наумче Мојсовски, кој е актуелен директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС) поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови.
Истата иницијатива е поднесена и за членовите на централната комисија, која решавала како да се доделуваат парите од државата, кои на годишно нив се околу 10 милиони евра. Според ДСК, АМС не дал никаква отчетност за потрошените пари, кои според антикорупционерите се во износ од една милијарда денари.