Како настан под висок безбедносен ризик, Македонија ги прави последните подготовки за чествување на раѓањето на Гоце Делчев – Од синоќа улицата „Самоилова“ е затворена за возила. Премиерот Димитар Ковачевски денеска вели дека се преземени сите мерки за безбедно чествување на 4 февруари.
Со апели за мирно чествување се јавија министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за надворешни работи, Бујар Османи. Спасовски освен граѓаните, на одговорно чествување ги повика и политичарите и порача никој да не подлегнува на повиците за граѓански стражи и блокади на улици.
Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи – „Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ. Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого“.
Османи пак, повика да се покаже зрелост и да не се дозволи да се подгрева национализмот преку говор на омраза. Оние кои ќе дојдат во Македонија на чествувањето, ги повика да се однесуваат со почит кон земјата и граѓаните.
И опозицијата повика на мирно чествување. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски посочи дека за првпат во незнависна Македонија граѓаните наидуваат на затворена улица на 4 февруари.
Во меѓувреме, македонското, но и бугарското МВР велат дека прават се за мирно чествување на празникот. Од бугарската полиција велат дека ќе ги преземат сите мерки, но не прецизираат што би презеле на бугарско-македонската граница. Македонската полиција пак, вели дека за безбедноста ќе се грижат единствено тие, по претходно изготвен план.
Иако од МВР кажаа дека утре ќе одлучуваат кој ќе биде, а кој не пропуштен на граница, сепак неофицијалните информации на ТВ24 се дека десетина државјани на Бугарија најверојатно нема да бидат пуштени да влезат во Македонија, а меѓу нив и контроверзни политичари. Ковачевски денеска кажа дека секој кој ги понижува македонците нема да влезе во Македонија, без да посочи за кого станува збор.
The post Ковачевски: Провокаторите и негаторите на македонскиот народ и држава нема да можат да влезат во земјава appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде