Здравствена лотарија. Во Македонија во моментов има околу 140 пациенти со цистична фиброза. Лекот „трикафта“ првично ќе се набави само за осум пациенти, а надлежните изјавија дека се стремат да го остварат ветувањето, лекот да го добијат 30 пациенти до крајот на годианата-ова е заклучокот од денешниот координативен состанок помеѓу министерот за здравство, министерот за финансии и претставници од фондот за здравствено осигурување. Министерот Сали, уверува дека со потребните измени во Законот за јавни набавки и обезбедување финансиски средства, ќе се обезбедат лекови за сите пациенти. Министерот за финансии пак, Бесими потенцираше дека лекот ќе се обезбеди-но не можат во моментов да дадат писмена гаранција на пациентите.
Претставниците од Асоцијата за цистична фиброза, бурно реагираа на изјавите на министрите, велат дека преговорите со надлежните институции ги започнале уште од јуни 2020година. Тие нагласуваат дека, секој ден се борат за здив и упатуваат апел до надлежните дека болеста е непредвидлива и лекот е потребен веднаш, а не се потребни усни ветувања.
Пацинтите со цистична фиброза вчера најавија дека доколку се донесе официјално решение и договор за обезбедување на современта модулаторна терапија најавениот протест ќе го стават во мирување-но денеска не отстапуваат.
The post Само за 8 пациенти со цистична фиброза ќе има интервентна набавка на лек, другите ќе почекаат appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде