ноември 23, 2024

По само неколку дена од објавувањето на спотот за песната I’m not here to make friends од Сем Смит, фановите на пејачот велат дека видеото е премногу компромитирачко за да биде слободно достапно за сите возрасти на платформата Јутјуб.

Критичарите веруваат дека достапноста за гледање на видеото мора да биде ограничена на корисници над 18 години поради неговата несоодветна содржина.

Ова е втор сингл од новиот албум на Сем Смит „Глориа“, по мега хитот Unholy.

Видеото, во режија на Тану Муињо, го прикажува Сем со машки и женски танчери во експлицитни комбинации, како што се комбинезони кои покриваат сè освен задниот дел.

Во дел од кадрите прикажани се мажи во кожена долна облека како се тркалаат на кревет и на подиумот за танцување, а пејач менува неколку фустани, корсети и потпетици во 4-минутниот спот.

 

The post (Видео) Вулгарни сцени во спотот на Сем Смит, критичарите бараат забрана на содржината за децата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK