Мери Дика Георгиевски последно во јавноста беше актуелна кога сведочеше во случајот „Рекет“, каде му се судеше на Боки 13, кому таа му е и кума.- Јавува Фокус
Новата В.Д. претседателка на Апелацискиот суд, судијката Мери Дика Георгиевска, е кума на осудениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски-Боки 13. Инаку, Дика Георгиевска беше и еден од сведоците во овој случај.
Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за престанок на судиската функција на Лидија Димчевска, која заминува во пензија и донесе одлука со која за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија на Апелационен суд Скопје.
Извор Фокус
The post Кумата на Боки 13 е новата В.Д. претседателка на Апелација appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде