Сите знаеме колку водата е важна за сите живи суштества. При раѓањето, телото на детето содржи околу 80% вода, додека во зрелоста таа количина е во просек околу 60%.
Водата не хидрира, а тоа е важно од многу причини. Сепак, се поставува прашањето, што е подобро за здравјето – ладна или вода на собна температура?
Експертите препорачуваат да пиеме најмалку осум чаши вода во текот на денот, но каква вода?
Водата чија температура е помеѓу 0 и 3 Целзиусови степени се смета за ладна вода. Кога станува збор за вода со собна температура, таа генерално се движи помеѓу 20 и 25 степени Целзиусови.
Сепак, не постои голема или научно докажана предност во изборот на вода на собна температура, но сепак во многу култури се смета дека е добро понекогаш да се пие топла вода.
На нашето тело понекогаш едноставно му е потребна ладна вода – на пример, во текот на топлите летни денови. Од друга страна, експертите советуваат да се испие чаша топла вода час или два пред оброк.
Кога треба да пиете ладна вода?
Во студијата, спортистите кои пиеле ладна вода после тренинг имале во просек пониска телесна температура и можеле да го одложат порастот на температурата за време на вежбањето. Доколку планирате да трчате во топлите летни денови, тогаш студената вода е подобар избор, велат експертите.
Без разлика на вашата желба – ладна или вода на собна температура – важно е да пиете вода редовно и секој ден, а што се однесува до нејзината температура, изберете која ќе ве поттикне повторно да ја пиете.
Следете не, не има насекаде