Главниот адвокат на Судот за правда на Европската унија (ЕУ), Атанасиос Рантос вели дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) е во право и има право да се заканува со санкции кон клубовите поради формирање на европска Суперлига.
УЕФА води правен спор со Суперлигата за формирање на новото елитно натпреварување во кое требаше да учествуваат голем број европски клубови, а во моментов делува дека е на чекор до победа.
„Правилата на фудбалските тела УЕФА и ФИФА, кои им даваат за право да ги блокираат клубовите да се приклучат во нова лига и да ги казнат се во рамки на ЕУ“, кажа адвокатот.
Full statement following today’s Opinion of CJEU Advocate General: