септември 25, 2024

Поранешниот англиски и европски првак Челси може сите светски ѕвезди да ги купи, да потроши уште повеќе од 600 милиони евра колку што фрли новиот газда Тед Боели од летово наваму, ама победите во Премиерлигата не може да ги купи, па денеска „сините“ на својот „Стемфорд бриџ“ повторно разочараа со ремито без голови во градската пресметка со Фулам.

Најскапиот фудбалер во англискиот фудбал Енцо Фернандез дебитираше, од почеток тргна и втората зимска „стотка“ Михајло Мудрик, но четата на Грахам Потер не успеа да даде гол, а имаше само две извонредни шанси. Каи Хаверц пред крајот на полувремето кога погоди дирек и Давид Датро Фофана, кој имаше зицер, но шутот на празната мрежа му го изблокира фудбалер на Фулам за да не даде гол.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK