ноември 23, 2024

Полицијата ги контролира пристапите до црквата Свети Спас, во рамки на засилените безбедносни мерки пред утрешното одбележување 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Целосно се затворени за сообраќај улиците „Самоилова“ и другите сообраќајници околу скопското Кале.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Полициски сили се распоредени во поширокиот реон околу цркавата Свети Спас и по целата должина на улиците кои водат до неа. Приспап имаат само лица со дозволи.

Посебни безбедносни мерки ќе има и утре кога се очекува на гробот на Гоце Делчев да се поклонат државни делегации предводени од претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, како и претставници на повеќе други институции и политички партии.

Во црквата Свети Спас ќе им биде дозволен пристап само на најавените делегации. Сите други делегации и граѓани кои не се најавени нема да можат да положат цвеќе за време на државната свеченост.

Засега нема официјална потврда дали ќе има организирано доаѓање на делегации од Бугарија. МВР демантира дека за безбедноста утре ќе бидат ангажирани и бугарски полицајци.

Надлежните и денеска упатија апели за мирно и достоинствено одбележување. Премиерот Димитар Кoвачевски изјави дека секој добронамерен кој сака да се поклони на гробот на Гоце Делчев е добредојден, но не и оние кои провоцираат и ги негираат македонскиот народ и држава. Потврди дека Владата досега не добила најава дека делегација од Бугарија ќе присуствува утре на одбележувањето 151 година од раѓањето на Делчев.

„До овој момент од Кабинетот на премиерот на Бугарија јас немам најава за официјална бугарска делегација којашто би положила цвеќе. Исто така, кажа и министерот за внатрешни – секој оној кој е добронамерен, официјална државна институција кои сакаат да се поклонат на гробот на великанот на македонската национална борба тука, во Скопје, на достоинствен начин, слободно може да го најават своето учество. Сите оние коишто се недобронамерни, коишто се провокатори, коишто го негираат македонскиот народ, коишто ја негираат македонската држава, коишто ги нарушуваат чувствата на Македонците и на другите граѓани, тие нема да влезат во државата“, рече Ковачевски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски апелира граѓаните да не се подлегнува на провокации. Тврди дека институциите нема да дозволат никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого.

„Упатувам апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на нашиот великан Гоце Делчев. Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ. Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано. Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого. Тука се институциите на системот кои функционираат и кои мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме. Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес, бидејќи неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас“, истакнува Спасовски.

Мора да деескалира состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат, нагласи министерот за внатрешни работи. Упати порака и до политичките субјекти и политичарите да бидат одговорни во целиот овој процес.

Апел до јавноста за мирно и достоинствено чествување упати и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Во видео порака објавена на неговиот фејсбук профил, Османи ги повикува граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

„На 4 февруари кога се поклонуваме пред гробот на Гоце Делчев, се поклонуваме пред неговото визионерство за културен натпревар меѓу народите. Повикувам на достоинствено, мирно чествување на денот кога оддаваме почит на неговиот идеал за напредни општества и за градење цивилизациски вредности. Да покажеме зрелост и да не дозволиме да се подгрева национализам преку говор на омраза и омаловажување. Ние сме држава која има европска перспектива. Со својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, сме пример во светот. Ве повикувам да опстоиме на тие наши вредности“, потенцира Османи.

Министерот вели дека секој граѓанин на Република Бугарија и на која било друга држава е добредојден, но, како што подвлекува, секој мора да се однесува со почит кон нашата држава и кон македонскиот народ.

„Да не дозволиме провокатори и киднапери да ни ја киднапираат европската иднина или да го влошат имиџот што го изградивме како држава. Ова е во интерес на сите граѓани и на заедничкиот напредок“, наведува Османи.

Македонскиот полициски синдикат, пак, го повика своето членство доследно да ги извршува работните задачи согласно законската регулатива, да не се ставаат во функција на политичките партии и други групации и да се воздржат од какви било провокации. Од МПС ги повикуваат политичките партии и нивните локални преставници, како и сите други радикални групации да не ги заплашуваат нивните членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби.

За мирно одбележување на роденденот на Гоце Делчев се заложи и Клубот за бугарско-македонско пријателство. Тие бараат двете влади да ги спречат засилените обиди за минирање на односите меѓу двете земји и веднаш да го спроведат механизмот за намалување на тензиите и идентификување на манифестациите на омраза, усвоен минатата година меѓу двете министерства за надворешни работи. Според членовите на Клубот, мора да се маргинализираат круговите што сеат омраза и да се иницираат сеопфатни процеси на зближување – социјално, инфраструктурно, културно, медиумско и економско поврзување меѓу двете земји.

Клубот за бугарско-македонско пријателство изразува уверување дека огромно мнозинство од општествата на двете земји се луѓе со европски вредности кои меѓусебно се почитуваат и разбираат. Тие, велат, треба да бидат основата и мерило за билатералните односи, а не поединечни радикализирани елементи и политичари кои бараат тема за сопствен политички опстанок.

Извор: МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK