ноември 27, 2024

Австралискиот тенисер Ник Кирјос пред судот во Канбера призна дека ја нападнал својата поранешна девојка Кјара Пасари, но избегна кривична пресуда. Кирјос се изјасни за виновен, откако неговите адвокати не успеаја да го отфрлат обвинението со образложение дека имал нарушено ментално здравје.

Тенисерот ја турнал Кјара на тротоар за време на расправија во Канбера, откако таа пробала да го спречи да си замине со автомобилот и да ја остави. Инцидентот се случил на 10 јануари 2021 година, а Пасари го пријавила инцидентот во полиција следниот месец, но не поднела официјална пријава. Кирјос и Пасари се помирија и ја продолжија врската, но повторно раскинаа, по што таа поднесе официјална жалба во декември 2021 година. 

Адвокатот Мајкл Кукулис-Смит рече дека Кирјос се обидел да избегне инцидент така што викнал убер и се обидел на дозволен начин да ја отстрани Пасари од автомобилот.

„Мојот клиент од фрустрација реагираше и се случи прекршок. Има поврзаност помеѓу менталното здравје и обвинетиот, но денес тој не страда од тие проблеми во иста мера“, рекол адвокатот.

Кирјос се извини следниот ден и ја прифати одговорноста.

Судијката Бет Кембел рече дека Кирјос бил „млад човек кој се обидувал да се извлече од емотивна ситуација и дејствувал во моментот“. Таа инцидентот го нарече „чин на глупост или фрустрација“ и го поштеди тенисерот од криминално досие.

„Јас се однесувам кон вас исто како што би се однесувала кон секој млад човек во овој суд. Вие сте млад човек кој добро го удира тениското топче“, рекла таа.

The post Ник Кирјос на суд призна дека ја нападнал поранешната девојка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK