ноември 27, 2024

Режисерот Џејмс Камерон ја пресоздаде култната сцена од „Титаник“ во која Џек (Леонардо ди Каприо) умира на крајот на филмот. Во оригиналната сцена, по потонувањето на бродот, Роуз (Кејт Винслет) успева да преживее качувајќи се на една од вратите од „Титаник“, а Џек замрзнува во водата и потонува.

Фановите со години коментираат дека Џек можел да преживее ако Роуз му направела место на вратата, па затоа режисерот ја тестираше теоријата во емисијата „Титаник: 25 години подоцна со Џејмс Камерон“. Тој сними четири различни сценарија.

Во првото, двајцата се качија на сплавот, кој брзо потоа потона во океанот. Се поставија и во положба во која само горниот дел од телото, односно сите витални органи им беа над водата. На тој начин Камерон рече дека им се зголемени шансите да преживеат. Направи уште еден тест во кој ги изведоа сите физички напори, низ кои Џек и Роуз минале пред да ја пронајдат пловечката врата.

Направиле и сцена во која и друг патник сакал да ја искористи Роуз за да се спаси и остане над водата. Додале и момент кој го немало во филмот, во кој Роуз му го дава на Џек елекот за спасување.

„Ако направевме така, можеше да издржи додека го чекаше чамецот за спасување. Џек можеби ќе преживееше, но тука има многу варијабли. Мислам дека Џек не сака да направи нешто со што ќе ја загрози Роуз. Тоа е неговиот карактер“, рече Камерон по тестирањето.

.@GMA FIRST LOOK: @natgeo special “Titanic: 25 Years Later with James Cameron” will settle the debate once and for all: could Jack have survived?@JimCameron@natgeotv pic.twitter.com/OkKCXaEkvF

— Good Morning America (@GMA) February 2, 2023

The post Џејмс Камерон сними нов крај на „Титаник“: Ја тестирав теоријата дали Џек ќе преживее ако се качи на вратата со Роуз appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK