ноември 24, 2024
Cevahir Tower Run трка по скали која под мотото Освој го врвот на Cevahir кулите”, а во организација на АК Работнички, ќе се одржи во недела, на 20 ноември во висококатниците Скај Сити ќе биде прва од ваков вид во Македонија.

Трката се одржува во примерот на познатите трки во Ајфеловата кула во Париз или Емпаер Стејт Билдинг во Њујорк, а целта е Cevahir Tower Run да прерасне во традиционална трка, привлекувајќи го вниманието и овозможувајќи учество на дел од најдобрите натпреварувачи во светот овде во Скопје, како полноправна членка на светската асоцијација за Tower Running.

Натпреварите во трчање по скали се различни и се одржуваат во голем број од највисоките облакодери во повеќе метрополи низ светот, како Тајпеј 101 (Тајпеј), Менара (Куала Лумпур), кулата Вилис (Чикаго), Кулата Еурека (Мелбурн), Ајфеловата кула (Париз) или Емпаер Стејт Билдинг во Њујорк. Искусните светски тркачи по скали велат дека овој тип на трки повеќе е брзо одење и искачување до врвот на кулата, отколку трчање.

Организаторите на трката по скали ги повикуваат сите заинтересирани спортисти и спортски активни лица да се пријават и учествуваат на првиот Cevahir Tower Run како единствена од ваков вид во Македонија.  Пријавувањето е отворено до утре, 17 ноември на www.cevahirtowerrun.com.

Учесниците на трката ќе имаат предизвик да се искачат до врвот на Кулата Ц искачувајќи 41 кат со вкупно 752 чекори.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK