мај 9, 2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, од кои осум возеле без дозвола, а еден со активна забрана.

Пет возачи во Скопје (од кои двајца малолетници), и по еден во Штип, Струга и Македонски Брод управувале возило без возачка дозвола. Кај возачот во Македонски Брод било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,77 промили алкохол во крвта. Додека, еден возач во Свети Николе управувал возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK