Фудбалерите на Ливерпул и Челзи одиграа нерешено 1:1 во 36-то коло од Премиер лигата. Гостите од Лондон, не победија, но успеаја да ја прекина црната низа, од шест последовни порази во Премиер лигата.
Со овој бод, „Црвените“ се доближија до петтото место и директен пласман во Лигата на шампионите, додека „Сините“, дополнително ја влоѓија ситуацијата во која се наоѓаат и како што сега стојат работите веројатно следната сезона нема да играат во ниту едно од трите натпреварувања на УЕФА.
Ливерпул до предност дојде по само шест минути игра, кога мрежата на Јоргесен, од работ на шеснаесетникот ја затресе со прецизен удар, Гравенберг.
Сепак, Челзи успева да израмни во 36-та минута. Енцо Фернандез изведе слободниот удар, и иако можеби изгледаше дека Фофана е стрелецот, тој веднаш му покажа на својот соиграч дека не ја допрел топката.
И додека во првите 45 минути, навивачите водоа два гола, во вториот дел ВАР-от поништи два гола, по еден од двете страни.
„Црвените“ беа поблиску до победата, бидејќи Ван Дајк ја погоди гредата, а Собослај стативата.
Foto/ EPA
The post (Видео) Нерешениот резултат во Ливерпул не му оди во прилог на Челзи appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
