мај 9, 2026

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна поддршка од Владата.

Тој посочи дека во изминатиот период биле спроведени постапки за јавни набавки, избор на изведувачи и надзор, со цел проектите да започнат со реализација на терен.

Работа, работа и само работа. Често си го поставувам прашањето што е поважно – процесот или резултатот? За мене подеднакво се важни и двата сегменти“, наведува Димитровски.

Според него, веќе се реализираат спортски игралишта во повеќе основни училишта, меѓу кои „Даме Груев“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, како и во подрачните училишта во Раштани и Буковски ливади. Најави дека наскоро ќе започне изградба и на нови игралишта во училиштата „Тодор Ангелевски“ и „Ѓорѓи Сугарев“.

Димитровски информираше дека во текот на 2026 година на територијата на Општина Битола ќе бидат реконструирани или изградени повеќе од 20 спортски игралишта.

Во делот на спортската инфраструктура, тој посочи дека се реализираат две училишни спортски сали во Бистрица и во ОУ „Стив Наумов“, а пред почеток се и проектите за нови спортски сали во „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“ и во Долно Оризари.

Според најавите, до крајот на следната година Битола треба да добие четири нови училишни спортски сали.

Димитровски се осврна и на проектите за нови паркинг-простори, посочувајќи дека веќе се реализира паркингот во поранешната касарна кај старскиот дом „Софија“, а склучени се договори и за нови паркинзи на повеќе локации во градот.

„Наскоро Битола ќе добие над 200 нови паркинг места“, нагласи тој.

Во однос на патната инфраструктура, информираше дека се реконструирани улици во Трн, Братиндол, Ротино и Барешани, додека во финална фаза се улиците во Раштани и Карамани.

Тој најави дека до крајот на 2027 година ќе бидат реконструирани и изградени над 10 километри патна инфраструктура, најчесто со целосна замена на водоводната и канализациската мрежа.

Димитровски најави и реконструкција на објектот во Буковски ливади кој ќе биде адаптиран во училиште, како и завршување на реконструкцијата на дел од училиштето во Крклино и објектот на месната заедница во Кременица.

Share

The post Димитровски: Инвестираме во спорт и инфраструктура – над 20 игралишта и стотици паркинг места се реализираат во Битола appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK