Во цела Франција се случија 266 апсења по полуфиналето на Светското првенство, во кое Франција го победи Мароко, во среда, јави дописникот на МИА.
Според француското МВР во париските предградија се случиле 167 апсења (Париз, Сена-Сен Дени, Вал-де-Марн, От-де-Сен), вклучувајќи 145 само во главниот град,.
Во средата вечерта на целата територија беа мобилизирани вкупно 10.000 полицајци и жандарми. Околу 25.000 луѓе се собраа на Шанзелизе во Париз.
Момче загина кога автомобил влета во група марокански фудбалски навивачи во Монпеље, Франција, по вториот полуфинален фудбалски натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко во Катар, соопшти владата на департманот Еро.
„Четиринаесетгодишно момче кое беше удрено со автомобил во Монпеље по полуфиналето на Светското првенство беше донесено во болница во тешка состојба, но подоцна почина“, се вели во соопштението на локалната власт.
Следете не, не има насекаде