септември 25, 2024

Бело платно со слоганот „Видете нè колку нè има“ беше распослано од публиката во концертната сала на МКЦ додека настапуваше Дина Јашари. Со ова младите испратија порака дека Младинскиот културен центар дека МКЦ не треба да биде искористен во политички цели.

Вчеравечер во МКЦ се одржа по 11-ти пат музичкиот фестивал „Земјотрес“, кој има за цел промоција на нова домашна независна музика.

Дина Јашари за време на нејзиниот настап, стиховите од нејзината песна „Дома“ ги посвети на Младинскиот културен центар, па пееше „Мојот дом е таму каде што е МКЦ“.

На Инстаграм профилот посветен на МКЦ и борбата на младите уметници за заштита на оваа културна институција која е единствена со поддршка на алтернативната уметност кај нас напишаа „борбата е далеку од готова – вчера на Земјотрес ја изразивме поддршката за МКЦ на наше тло. Ова е нашето МКЦ и никому нема да дозволиме да ни го одземе“, стои во објавата од фотографиите од „Земјотрес“.

Музичкиот фестивал „Земјотрес“ се одржа на три бини на кои настапија повеќе од 20 музички имиња.

Помеѓу изведувачите на „Земјотрес“ беа Дина Јашари и Другари, Мирко Попов, Горан Кан, Бодан Јамакоски, Фулиш Грин и уште многу други современи и млади музичари.

Голем број граѓани пред повеќе од една недела излегоа пред Младинскиот културен центар да протестираат во одбрана на МКЦ. На собирот имаше голем број млади музичари, уметници и љубители на музиката кои изразија незадоволство од начинот на кој се раководи со оваа институција.

Собирот го организираше колективот на млади музичари „Гола планина“.

Фото: Инстаграм профил „Сите за МКЦ“

 

The post Мојот дом е таму каде што е МКЦ: Дина Јашари и публиката испратија силна порака на „Земјотрес“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK