септември 26, 2024

Внука на поранешен министер за здравство пред неколку месеци починала на скопската Клиника за детски болести поради лекарски пропуст, а пред неколку денови починало и петгодишно девојче, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, внуката на екс министерот за здравство имала 17 години и била заразена од ковид инфекција. Таа подолг период лежела на клиниката, а нашите информации се дека фатила и некоја бактерија и сепса.

Исто така, само пред неколку денови починало и девојче на пет години, кое фатило стрептокока бактерија, а претходно на клиниката била донесена од приватна болница.

„Фокус“ испрати неколку прашања до директорката Стојка Нацева- Фуштиќ за да ја прашаме од што починале и двете деца. После некое време, таа одговори дека за 5-годишното дете информација треба да побараме од „Систина“, каде што е лекувано и оперирано.

„Детето кај нас престојуваше осум часа, на EIT. На Клиниката за детски болести е префрлено затоа што родителите не можеле веќе да плаќаат за престој во приватна болница, а детето со било со мозочна смрт.

Префрлено е во арефлексна кома, без сопствено дишење (на распиратор) и се очекуваше ваков крај“, тврди директорката на клиниката.
Според нашите информации, на Клиниката за детски болести се случува тотален хаос. Дел од лекарите си заминале, а веќе се спремаат и нови да си одат, меѓучовечките односи се нарушени, па повеќето од вработените не ни комуницираат едни со други.

Новата директорка стапи на функција пред само неколку месеци, поточно на 3 ноември, 2022 година, откако претходно од функцијата оставка си даде доктор Аспазија Софијанова.

Јавноста очекува соодветни реакции и од надлежните институции. Државниот санитарен и здравствен инспекторат треба да постапи и во двата случаја, за да провери што точно се случило, за да не постои можност за понатамошни сомнежи.

Ирена Мулачка FOKUS

The post Внука на екс министер за здравство починала на Детска клиника, а пред неколку денови починало и петгодишно девојче appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK