мај 9, 2026

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, славеше во спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Франција, петтата рунда од овогодинешното првенство во Мото ГП.

Во Ле Ман, Шпанецот ја забележа својата втора победа во спринт оваа сезона (вкупно 18-та во кариерата во спринт трките), откако претходно победи во Остин, Тексас, по неверојатниот старт од осмата позиција.

Најблиску до Мартин беше Франческо Бањаја на Дукати, додека вториот возач на Априлија, Марко Бецеки, беше на третото скалило на подиумот.

Спринтот на патеката „Бугати“, започна со неверојатниот старт на шампионот од 2024 година, кој дури и пред првата кривина успеа да се пробие од осмата на четвртата позиција. Не чекаше долго и тој успеа да престигне бранителот на титулата Марк Маркез, а потоа и Бањаја, односно Бецеки.

Бечеки и Бањаја успеаја да го следат Мартин само еден круг, а нивната битка, беше решена во третиот круг. Бецеки направи грешка, возачот на Дукати го престигна и тоа беше тоа.

Зад нив, Маркез паѓаше во поредокот по стартот, а во последниот круг, излета од патеката, по своја грешка. Маркез беше фрлен од своето Дукати во исклучително тежок инцидент во последниот круг, но за среќа успеа да се стане. Сепак забележително беше дека тешко се движи и прашање е дали ќе вози утре, во главната трка.

На крајот, Акоста беше најдобар од останатите, пред Квартараро, Мир, Аи Огура од Трекхаус и возачот на Гресини, Алекс Маркез.

Бецеки води во генералниот пласман со 108 бода, шест повеќе од Мартин, додека Акоста е трет со 72.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Брилијантна победа на Хорхе Мартин, ужасен пад на Марк Мркез appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK