септември 26, 2024

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак.

По официјалниот пречек, Пендаровски на Новак и го покажа шарпланинецот Рок, македонска раса на кучиња, симбол на македонската традиција.

Иако првично се доби впечаток дека Пендаровски и го подарува кучето на претседателката, од Кабинетот за „Фокус“ појаснија дека станува збор за тримесечниот шарпланинец Рок кој се чува во претседателскиот Кабинет.

Претходно Пендаровски го добил шарпланинецот на подарок од македонската Армија.

Според агендата, Пендаровски и Новак ќе одржат тет-а-тет средба, по што делегациите од Северна Македонија и Унгарија ќе одржат пленарен состанок.

The post Пендаровски и го покажа шарпланинецот Рок на унгарската претседателка appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK