септември 26, 2024

Пендаровски и Новак ќе имаат тет-а-тет средба, а предвидено е унгарската претседателка да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Димитар Ковачевски. Новак од македонскиот колега доби на подарок и куче од расата шарпланинец

Претседателот Стево Пендаровски со највисоки државни и воени почести денеска ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак.

Пендаровски и Новак предвидено е да одржат тет-а-тет средба, по што делегациите од Северна Македонија и Унгарија ќе имаат пленарен состанок- Пишува 360 степени

Претседателот Пендаровски и колешката од Унгарија денеска во црквата „Св. Спас“ во Скопје ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Унгарската претседателка Новак за време на официјалната посета ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Новак заедно и претседателот Пендаровски ќе имаат средба и со претставници на младински организации.

Како што може да се види од видеото од официјалниот пречек, унгарската претседателка доби на подарок шарпланинец од шефот на државата Стево Пендаровски.

Поради посетата на претседателката Новак, денеска во Скопје има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје.

The post Пендаровски ѝ подари шарпланинец на унгарската претседателка Каталин Новак appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK